Трет ден од предновогодишната забава на охридскиот плоштад

Во рамките на предновогодишната програма, што се одржува на градскиот плоштад Свети Климент Охридски секој ден од 12 до 14 часот, денеска настапија учениците од ОУ „Братство-Единство“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“. Покрај програмата, учениците од угостителското туристичко училиште „Ванчо Питошески“ имаа отворено и посебен штанд на кој бесплатно делеа пецива и колачи кои сами ги подготвиле.

Вчера, со културно-уметничка програма настапија учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, а утре ќе настапат учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“.