Разрешен началникот на СВР Охрид

Со службен акт од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес, началникот на СВР Охрид Сашо Смилески е известен дека престанува со важност наредбата со која полицискиот службеник Жарко Лазороски се задолжува да извршува работни задачи од работното место началник на одделението на полиција во СВР Охрид. Според истото известување, одлуката на министерот Спасовски има важност од 21 декември оваа година.

Жарко Лазороски на местото началник на одделението на полиција во СВР Охрид, беше поставен со наредба од времен карактер, а поради истекување на нејзината важност, на сила стапува одлуката од министерот испратена денеска до началникот на СВР Охрид.

До назначување на ново кадровско решение на истата позиција, работните задачи, ќе ги извршува помошникот началник на оделението на полиција во СВР Охрид, Велко Спространов.