МОК обезбеди 40 илјади долари за ракометната репрезентација

Македонскиот олимписки комитет за претстојното Светско првенство во ракомет во Франција (11-29 Јануари 2017 година), за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари, средства наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на овој најголем ракометен настан во 2017 година.

Нашите најдобри ракометари играат во групата Б, заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

„Како и секогаш силно веруваме во квалитетите на нашите најдобри ракометари и дека тие на ова светско првенство ќе го прикажат своето најдобро.“ – стои во соопштението од Македонскиот олимписки комитет.