Новогодишна забава на градскиот плоштад

Општина Охрид и годинава, за граѓаните и туристите, организира новогодишна забава на градскиот плоштад Св.Климент Охридски. Предновогодишниот хепенинг ќе започне на 31 декември во 12 часот со настап на ди-џеј Аце, а од 22 до 22 часот и 45 минути настапува ди-џеј Нести.Следува настапот на популарниот Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со Елена Велевска.