Од утре нè очекува многу студено време со температура под нулата и со силен ветер

Поради продор на многу студена воздушна маса од север, во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и в четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер, особено на планините, повремено со брзина од околу 100 километри на час.

Дневната температура значително ќе опадне и најниска ќе биде в четврток и в петок, кога на повеќе места ќе биде со негативна вредност.

Од петок следува постепено разведрување, па за време на викендот ќе биде сончево, а за новогодишната ноќ ведро и многу студено, со температура пониска и од минус 10 Целзиусови степени.

Извор: meta.mk