Се чистеа улиците „Кленоец“ и „Радојца Новичиќ“

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” во изминативе 10тина дена работеа на расчистување на улиците „Кленоец” и „Радојца Новичиќ”.

„Ангажирани беа 3ца комунални работници, при што се отстрануваше трева, песок и земја на тротоарите и покрај коловозот. Целиот отпад беше уредно подигнат и депониран во вчерашниот ден од страна на службите на претпријатието.“– информираат оттаму.

fotorcreated1-1