Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи во рамките на Пописот на училишниот простор на основните и средните училишта во Република Македонија, во 2016 година, бројот на основните и средните училишта изнесува 1 205.
Од вкупниот број училишта, 89.5% се за основно образование, а 10.5% се за средно образование. Од овие училишта, најголем процент се редовни училишта (93.2% од основните училишта и 95.3% од средните училишта).
Својата образовна дејност училиштата ја извршуваат во 1 342 училишни згради. Според годината на изградба/последна реконструкција, адаптација или санација, најголем број, односно 984 училишни згради се од периодот 1998-2016 година.