Новогодишна средба во Црвен Крст Охрид

Денес во просториите на Црвен Крст Охрид, се одржа традиционалната Новогодишна средба со волонтерите, пријателите и помагателите на оваа хуманитарна организација. Претседателот, Сашо Точков истакна дека годината на изминување може да се оцени како добра во однос на реализија на зацртаната програма и хуманите акции кои беа организирани од Црвен Крст Охрид. Истакнувајќи ја одличната соработка со локалната самоуправа и фирмите во градов, Точков посака и во новата 2017 година, секој од нас да го најде доброволецот во нас, за уште поуспешно и поефикасно делување на општинската организација.

Во името на Општина Охрид, претседателката на Советот на Општина, Гордана Коњановска, прима благодарници за успешната соработка во акциите за “Недела на борба против гладта“и “Посреќно детство“.