Лајонс клубот „Десарети” Охрид донираше нагледни средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство”. Нагледните средства во голема мера ќе ја олеснат работата со учениците од ранливата категорија и ќе ја зголемат нивната мотивација за работа и учење.
„Оваа донација е резултат на континуирана соработка со клубот, кој секогаш ја покажува својата хуманост донирајќи во нашето училиште. Изразуваме голема благодарност кон Лајонс клубот „Десарети” и во иднина се надеваме дека нашата саработка ќе се прошири и ќе се реализираат поголеми проекти, се со цел да им се помогне на учениците со посебни образовни потреби.“- велат од ОУ „Братство-Единство“.