Општина Дебрца: Им порачуваме на СДСМ да го земат календарот на Општина Дебрца и добро да го проучат

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Дебрца, реакција испрати Општина Дебрца во која се вели:

„Во моменти кога помисливме дека нискиот политички морал и култура кој го поседуваат СДСМ Дебрца нема да го прикажат во последните денови од 2016 година сведоци сме на нивното соопштение во кое во целост се прикажува нивниот комплекс на поразени политичари.

Имено, за нас и за јавноста општо познат е фактот дека Општина Дебрца од моментот кога ја води градоначалникот Трајковски нижи успеси во сите полиња, а особено во она што претставува медиумско пропагирање на самата Општина но и одржување на добар однос со припадниците на седмата сила. Ги разбираме ваквите фрустрирачки писанија на луѓе од СДСМ кои во 16 години на владеење со Општина Дебрца беa затворени во медиумски молк.

Од друга страна јасно им порачуваме на СДСМ Дебрца да го земат календарот на Општина Дебарца и добро да го проучат, да ги видат сите реализирани проекти и дејствија спроведени од Градоначалникот Трајковски и од партијата ВМРО ДПМНЕ. Да видат како се стои зад дадениот збор, како се дава ветување и како тоа ветување се реализира. Искрено се надеваме дека ќе го имаат кај секој од нив, а доколку е потребно ќе им набавиме и по некој примерок повеќе.

Исто така сметаме дека на оние кои го пишувале соопштението од СДСМ очигледно и повеќе од потребно им е себепреиспитување имајќи го фактот дека на 11 декември како во Општина Дебарца така и на ниво на Република Македонија победник на парламентарните избори е партијата ВМРО-ДПМНЕ. Но, на нивната заблуда и желба како да им нема крај па затоа оставаме понатаму самите себеси да се бламираат, а ние како и досега ќе се насочиме кон реализацијата на ветувањата кои ги дадовме пред жителите на Општина Дебрца и од кои добивме досега најголема доверба.“ – стои во реакцијата од Општина Дебрца.