Министерот Нухиу на вработените во МВР им ја честита Новата 2017 година

Министерот д-р Агим Нухиу на вработените во Министерството за внатрешни работи им ја честита Новата 2017 година:

„На сите вработени во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Ви ја честитам Новата 2017 година со желби за добро здравје на Вас и Вашите семејства, успех на работните места, многу среќа, мир и спокојство.

Во оваа пригода сакам да порачам дека само со добрина и со подготвеност за исполнување на заедничките обврски што стојат пред нас ќе успееме да одиме напред, со што ќе ги исполниме нашите заеднички зацртани цели.“ – стои во честитката.