Новогодишна честитка на ОО СДСМ Охрид

ОО на СДСМ Охрид испрати новогодишна честитка до граѓаните, во која стои:

„Почитувани сограѓани,

Од 2017 година, заедно со сите граѓани во Република Македонија, почнуваме и во Охрид да го создаваме животот што го избравме. За слободно да живееме. Слободно да избираме. Слободно да се изразуваме и слободно да дејствуваме. Семејствата да ни се финансиски стабилни. Децата да ни се насмеани. За да градиме општество на среќни граѓани.

За да не’ водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над личните интереси. И кои знаат како да си ги задржиме младите овде, и како да ги вратиме дома сите наши сограѓани што заминаа во странство по подобар живот.

Подобриот живот ќе го создаваме овде, сите заедно!

Ние знаеме дека шансите што ќе ги отвориме за секој човек, се прозорец за целото општество. И знаеме дека нашите перспективи се во концептот на заедништво што го избравме.

Секој е важен. И секој ќе биде важен. Новата 2017 година ќе биде година на живот во Македонија, живот во Охрид.

НЕКА НИ Е СРЕЌНА НОВАТА 2017 ГОДИНА!“– стои во честитката.