Во Охрид се зголемува бројот на заболени од грип

Последниве неколку дена, во Охрид рапидно се зголеми бројот на заболените од грип.

Од Институтот за јавно здравје потврдуваат дека сезонскиот грип во општина Охрид ги наполнил здравствените установи.

Ситуацијата била особено тешка за време на празниците, кога не работеле матичните лекари, така што за преглед во општата болница се чекало во редица.

Мајка со болно дете ситуацијата ја опиша како алармантна, бидејќи родители со деца чекале и на скалите.

Најмногу новозаболени имало во последната недела од минатата година, кога бројот на заболени бил приближно 300 лица, а неделата претходно имало стотина.

Извор: meta.mk