Охрид под снег

Вечерва Охрид го зафатија снежни врнежи. Веќе насекаде во Македонија формирана е снежна покривка, на планините над 50 сантиметри, а во пониските места од 10 до 20 сантиметри. Дува умерен до засилен северен ветер, а температурата се движи од 0 до – 8 степени. 

И утре не очекуват врнежи од снег, но тие ќе бидат со намален интензитет. За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Преку денот најстудено се очекува да биде во сабота со температури од – 12 до -6, а во недела утринските температури ќе се движат од -22 до -10 степени.

Владиното Координативно тело за справување со кризи и Управувачкиот комитет за кризи апелираа граѓаните да бидат внимателни при планирање на патувањата, да не тргнуваат на пат доколку немаат итна потреба и да носат соодветна зимска опрема.

WebOhrid