Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во споредба со ноември 2016 година, остана на исто ниво.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година е зголемен за 0.2%.