Излизган камион на патот Охрид-Кичево

Патниот правец Охрид – Кичево кај селото Издеглавје се одвива по една лента поради излизган камион.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, крак Маврово – Дебар како и на патниот правец Прилеп – Витолиште, каде што сообраќај е дозволен само за лесни возила со задолжителна употреба на зимска опрема.

Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.