Изгоре куќа на ул. „Даме Груев“ во Охрид

Вчера во 14:40 часот во ПС-Охрид, М.С. (51) од Охрид нa ул.„Даме Груев“ пријавил пожар во неговата куќа, кој настанал истиот ден во времето од 14:30 до 15:00 часот, додека М.С. се наоѓал во дневната соба, а неговата сестра во кујната, почувствувал мирис на горење и излегол надвор, при што видел дека гори кровот во близина на оџакот.

Пожарот се проширил на останатиот дел на кровната конструкција на куќата. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ-Охрид. Од пожарот изгорена била скоро цела кровна конструкција и покуќнината. Причинетата материјална штета дополнително ќе се утврдува.