Општина Охрид ќе помогне во реконструкцијата на опожарената куќа

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска го посети семејството на Музафер Садик, чија куќа, што се наоѓа на улицата „Даме Груев“, вчера изгоре во пожар, предизвикан од запален оџак. Во пожарот е направена голема материјална штета, но за среќа нема повредени.

opozarena_kuka_jan_20174851 opozarena_kuka_jan_20174852 opozarena_kuka_jan_20174854

Градоначалникот Бакрачески, сочуствувајќи со нивната несреќа, вети дека општина Охрид ќе направи се за да му се помогне на Музафер Садик.

„Веднаш по поднесувањето на барањето од страна на господинот Садик до општина Охрид, нашата комисија за проценка на штети ќе дојде да изврши проценка, а потоа во консултации со нашите финсиски служби и пропишаната процедура, Советот на општина Охрид ќе донесе одлука за висината на одштетата со која ќе придонесеме за санација на куќата на семејството Садик.Во меѓувреме ќе бараме некои времени решенија за помош на семејството и во тие активности очекуваме поддршка од граѓаните, хуманитарните организации и бизнис секторот.Општина Охрид не располага со сопстевн стамбен простор, но уште денес е контактирано претпријатието за стопанисување на станбен и деловен простор за изнаоѓање стан за времено сместување на ова загрозено семејство.“ – рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески потенцира дека оваа локална власт во периодот од април 2013 година до 31.12 2016 година им помогна на 27 семејства на кои им беа опожарени куќите за што се исплатени 4.300.000 денари, а за штети од поплави и други елементарни непогоди во истиот период се исплатени 525.000 денари.