Распустот да се продолжи до 23-ти јануари

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска објави дека е донесена мерка за продолжување на зимскиот распуст на учениците до 23 јануари, а предлогот бил доставен до Комисијата за заразни болести и до Министерството за образование.

Одлуката е донесена како резултат на намалувањето на бројот на заболени од грип во периодот додека децата биле на распуст.

Наместо на 18, второто полугодие да започне на 23 јануари. Оваа мерка потребна со тенденција на намалување на заболените од грип на возраст од 0 до 14 години. Покрај оваа мерка ќе се спроведе темелна дезинфекција на автобусите на ЈСП и другите градски автобуси, како и во останатите градови каде што има организиран сообраќај. И посилената мерка предвидува темелна дезинфекција на сите училишта пред почетокот на школската година, рече Тодоров.