Тешките товарни возила кои чекаа за влез во Р.Грција почнаа да се пропуштааат

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утринава (12.01) од 09,30 часот дека од страна на грчките погранични органи на ГП Евзони отпочна пропуштањето на тешките товарни возила кои чекаа за влез во Р.Грција во меѓупросторот поради забраната за движење предизвикана од лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Во моментов сеуште во меѓупросторот се наоѓаат околу 70-80 ТМВ кои чекаат за влез во Р.Грција.

Исто така Министерството за внатрешни работи известува дека на ГП Дојрани сеуште трае забраната за влез на товарни возила во Грција.