Министерот Нухиу заедно со полициските службеници го промовираше билбордот на јазиците на етничките заедници

Вчера, на 12 јануари 2017 година, министерот Агим Нухиу заедно со полициски службеници-претставници на етнички заедници од државата, го промовираше билбордот на јазиците на етничките заедници кои живеат во Република Македонија. При тоа, го истакна постојаното негување на концептот дека Министерството за внатрешни работи е заеднички дом на сите. Во оваа прилика министерот Нухиу го изрази ставот дека Министерството за внатрешни работи, секој ден, се повеќе треба да припаѓа на сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност.