На 14.01.2017 година во 02.05 часот во ПС ОН-Охрид, од страна на Н.С.(25) било пријавено дека неговото ПМВ „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки кое било паркирано во импровизирана лимена гаража било оштетено.
Од страна на полициски службеници извршен е увид при што било констатирано дека истата вечер во периодот од 22.00 до 02.00 часот, засега непознато лице со огнено оружје, од проектилите го оштетило задното ветробранско стакло, стаклото на предна лева врата, задната лева врата, задното лево крило. Додека, пак, на лимот од гаражата имало повеќе отвори кои наликувале дека се предизвикани од проектили од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.