Анкета на АВМУ: Супер радио и во четвртиот квартал останува на врвот!!!

Со просечен дневен досег од 1,49% и неделен од 5,97% кај слушателите, Супер радио и во четвртиот квартал на 2016-та година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се објавени во официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станци во вкупната гледаност во четвртиот квартал на 2016 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

На прагот на 25-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма.

Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ). Во склоп на групацијата работат и информативните портали OhridPress и Inpress.

Извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес