Празнична свеченост по повод празникот „Богојавление“

Со промоција на документарниот филм „Танцот на пастрмката“ и изложба на подводна фотографија, што ќе се одржи на 17 јануари во Центарот за култура „Григор Прличев“, започнуваат чествувањата за претстојниот празник „Богојавление – Водици 2017“.

Главната манифестација ќе се одржи на 19 јануари, каде во 10 часот на Градското пристаниште ќе започне големиот Богојавленски водосвет, а претходно во 07 часот ќе се одржи Утрена богослужба, во 08:30 часот ќе се одржи Света Божествена литургија, а во 09:45 часот поаѓа литиите кон Градското пристаниште. Во 12 часот на „Сараиште“ ќе се одржи групно крштевање, а од 09 до 14 часот, во студентскиот дом „Никола Карев“ ќе одржува крводарителска акција.

На 20 јануари, традиционално на „Сараиште“ ќе се одржи манифестацијата „Денот на рибарите“, каде ќе се подготвува рибна чорба, а присутните ќе ги забавуваа ансамблот „Билјана Јуниор“.

Заинтересираните за скокање по Чесниот крст, можат од денес да се пријават во сите парохиски цркви, каде ќе добијат маички за учество во церемонијата