Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Плетвар, Стража, Пресека

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена на планинските превои Плетвар, Стража, Пресека и на патниот правец од крак Маврово кон Дебар и обратно.

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден поради големи снежни наноси.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонијапат.

Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Стража, Кичево, Македонски Брод, Железнец, Буково, Ресен, Ѓавато, Битола, Прилеп, Плетвар, Гевгелија, Удово, Демир Капија, Неготино, Велес и Кула.