Вчера во 17:50 часот во Струга на раскрсницата од ул. „Маркс и Енгелс“ и ул. „ЈНА“ случена е сообраќајна незгода во која В.Р. (45) управувајќи ПМВ „Мерцедес“ со струшки регистерски ознаки удрил во пешакот С.Н. (37) од Струга.
Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила С.Н, која била пренесена во болницата Св.Еразмо-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот.