Посебен сообраќаен режим за верскиот празник Водици

Во пресрет на верскиот празник Водици (19.01.), сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општина Ѓорче Петров.

Така, на 19.01. во периодот од 09,00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улицата “Филип Втори“ до булеварот “Гоце Делчев“, и улица “Кеј 13 Ноември“ до булеварот “Кочо Рацин“.

Во општина Ѓорче Петров пак од 10,00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по улицата “Ѓорче Петров“ па лево по улицата “Васил Чакаларов“. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата “Демир Трајко“ и “Александар Циборовски“ до Железничкиот мост на реката Вардар.