Охрид СОС со реакција на соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската иницијатива Охрид СОС испрати реакција на реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Ја пренесуваме интегрално:

„Ние вистинските и радикални екологисти воопшто не сме изненадени од реакцијата на ВМРО ДПМНЕ која е ретроградна партија, со средновековна доктрина заглавена во црковните канони од времето на средновековието.

Целосно ги отфрламе овие ставови изнесени во соопштението на ВРМО ДПМНЕ и повикуваме граѓаните да не ги следат доктрините на оваа партија.

Од друга страна некој повторно ја злоупотребил Фејсбук страната на Охрид СОС и на неа постирал дека оваа иницијатива не стои зад нашето соопштение.

Ја информираме јавноста дека ние сме дел од Охрид СОС, дека имаме внатрешен судир кој настанаа од како поедини лица се експонираа на телевизиите како наши претставници, само за да ги оправдаат парите кои им се исплаќани на приватна сметка за активност на Охрид СОС.

Ние баравме да се регистрираме и работиме согласно Закон, но госпоѓиците кои го узурпираа Фејсбукот одбиваат да се регистрираат тврдејќи дека тоа биле непотребни формалности.

Зад оваа нивна флоскула се крие ловењето во матно, криењето зад Фејсбук за да не се понесе одговорност и манипулирањето со парите за да се полнат приватните џебови на некои поединци кои се експонираат на медиуми.

Повикуваме државата да се заложи да се провери финансиското работење на лицата кои се екпонираат како Охрид СОС, и да се види кој префрлал пари на нивните сметки и дали тие пари се трошеле за екологија или за приватни забави и уживање во животот.

Ние како радикално крило на Охрид СОС денес објавуваме дека сме и против Денот на рибарите кој исто така е уништување на езерото.“

Со почит
Фидан З.
Охрид СОС – радикално еко крило