Земон: Исламскиот радикализам е најголемо зло на денешницата

Глобализација, миграции, туризам, фундаментализам и радикализам беа темите на кои се осврнаа предавачите на петтата Меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми, која денеска заврши во Охрид.

Професорот Рубин Земон од Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, смета дека еден од егзистенционалните проблеми со кои се соочува светот е исламскиот радикализам.

„Тоа е предизвик, не само на Балканот, туку и во светот. Во секој случај, тој исламски фундаментализам ги има своите историски корени многу длабоко, не е само во современиот свет. Научниците можат да дискутираат за тоа како тема, а ако се послушаат за насоките, ќе биде подобро за земјите за справување со овој проблем“ – додава Земон.

На конференцијата годинава учествуваа 57 учесници од 11 земји, меѓу кои од Турција, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, домаќинот Македонија и други.

Извор: meta.mk