Со пригодна свеченост, денес, беше отворен петтиот по ред почесен конзулат во Охрид. За почесен конзул на Унгарскиот конзулат е назначен Марјан Бојаџиев. Тој ја изрази својата благодарност за довербата што му е дадена и истакна дека во голема мера ќе придонесе во продлабочување на веќе добрите односи и соработката што ја имаат Република Македонија и Република Унгарија.
На свеченоста беа присутни, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, заеминк министерот за надворешни работи на Македонија, Илија Исајловски, државниот министер за културно научна дипломатија на Република Унгарија, Иштван Иѓарто и амбасадорот на Унгарија во Македонија, Иштван Дукс.
„Ми претставува особена чест како градоначалник на Охрид, да го поздравам овој особено значаен настан за градот во исто време и еминентен собир, со кој што го означуваме официјалниот дел од отворањето на конзулатот на Република Унгарија во Република Македонија, за кој не сомнено верувам дека ќе значи продлабочување на добрите и пријателски односи со братска Унгарија. Македонија и Унгарија споделуваат одлични економски и политички релации и културна соработка и знам дека назначувањето на господинот Марјан Бојаџиев за почесен конзул на Унгарија во Република Македонија, односо во Охрид, ќе значи унапредување на оваа соработка на едно многу повисоко ниво“, рече градоначалникот Бакрачески.
Со отворањето на овој, петти по ред конзулат, Охрид прераснува во една значајна дипломатска резиденција во кој голем број на дипломатски претставници ќе имаат можност да се запознаат со градот.
Со големо задоволство ја прифатив поканата на амбасадорот Иштван Дукс, да бидам дел од денешното свечено отварање на Унгарскиот конзулат. Унгарија и Република Македонија негуваат одлични политички односи. Унгарската Влада, истакнато ги поддржува и ќе ги поддржува Евроатлантските интеграции напори на Република Македонија и дава значајна помош со справувањето на мигрантската криза. Средбите се на високо ниво и благодариме за тоа, истакна државниот министер за културно научна дипломатија, Иштван Иѓарто.
Заменик министерот за надворешни работи на Македонија, изрази задоволство за одлуката на Република Унгарија да отвори конзулат во Охрид и на почесниот конзул му ја честита одговорната функција која што му е доверена. Инаку Унгарскиот конзулат е петти по ред кој се отвора во Охрид, а претходно свои почесни конзулати отворија, Република Турција, Полска, Словенија и Руската Федерација.