Општина: Продолжува серијалот бесмислени, несериозни и помалку комични пресови на ОО СДСМ Охрид

Во врска со прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска, реакција испрати Општина Охрид во која стои:

„Продолжува серијалот бесмислени, несериозни и помалку комични прес конференции на ОО СДСМ Охрид, во кои денес гледаме нов лик од иста партија со исто задолжение.

Очекувавме барем да се смени содржината на пресот, а ако веќе навистина загриженоста им беше искрена, во серија од три пресови, барем да ни предложеа решенија. За жал на новинарско прашање за предлог мерки слушнавме дека охридското езеро е природно езеро и дека треба да реагираме. Им благодариме за научните сознанијата и предлог мерките.

И покрај опсежните и стручни објаснувања од ЕЛЕМ и УХМР за причините за нискиот водостој и преземените мерки за решавање на состојбата очигледно е дека политичката агенда на ОО СДСМ Охрид добиена по диктат, ја совладала нивната лажна грижа за езерото.

Граѓаните знаат дека промени кај раководството на СДСМ кое што цели осум години го пустошеше градот и ја загрозуваше заштитата на езерото нема. Напротив има континуитет, на кој што со посветено и одговорно работење цели четири години суштински противречиме.“ – стои во реакцијата од Општина Охрид.