Пијанистот Арда Мустафаоглу е добитник на прва награда на светски натпревар

Четиринаесетгодишниот пијанист Арда Мустафаоглу е ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Тој со своите настапи ја плени не само македонската публика, туку и публиката на бројните меѓународни пијано натпревари во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Италија каде има добиено многубројни први награди …

На интернет натпреварот “Best Mozart Performance”, во рамките на “Great Composers” светските натпревари, во конкуренција на инстументалисти од САД, Полска, Канада, Велика Британија, Германија и други земји од целиот свет, македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место во неговата категорија.

Четиринаесетгодишниот пијанист Арда Мустафаоглу е ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Тој со своите настапи ја плени не само македонската публика, туку и публиката на бројните меѓународни пијано натпревари во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Италија каде има добиено многубројни први награди.