Василевски: СЈО малтретира домаќини луѓе, а ги ослободува криминалците Заев и Верушевски

Како пратеник кој го гласаше во Собранието на Р. Македонија СЈО и како пратеник во следниот парламентарен состав сакам јавно да кажам дека во мене денеска постои длабоко разочарување. Затоа што ова СЈО веќе зема страна и за мене од денеска е веќе Селективно јавно обвинителство. Не случајно Селективното јавно обвинителство доаѓа во Охрид со ваква хајка на компромитирање на угледни фамилии, активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска во Охрид Сашо Василевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Охрид на предвремените парламентарни избори го даде недвојбено гласот на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и извојува одлична победа со над 2.000 гласови победа над СДСМ. Фрустрацијата е евидентна кај Заев и неговата политичка болумента и затоа почнуваат хајка .Ќе следат локални избори за два до 3 месеци. Охрид повторно ќе го даде гласот за ВМРО-ДПМНЕ и затоа се сите овие притисоци кои ги прави Селективното јавно обвинителство . Да знаевме дека ќе имаат селективна правда и селективна работа никогаш немаше како пратеник да го притиснам зеленото копче,“ рече пред насобраните охриѓани Василевски.

Тој посочи дека досега СЈО не извади ниту еден документ за криминалите на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев.

„Видовме Зоран Заев бараше во неговиот кабинет мито од над 200.000 евра, едно за црквата, едно кај неговиот гувернер на приватната банка, господинот Вице. Или тоа не е кривично дело. СЈО треба да работи транспарентно, да работи во правото и да го сочува угледот на граѓаните . Од денеска охриѓани ќе кажат „НЕ“ на Селективното јавно обвинителство и нема да бидеме повикувани, уценувани со закани. Ние не сме криминалци“ истакна Василевски.

Според него СЈО нема право да се однесува кон граѓаните кои донирале како да се криминалци.

„Јас како човек цел живот сум донирал, сум донирал крв, хуманитарни часови , на лица со посебни потреби. Повеќе пати сум донирал на сопствената партија од сопствени средства. Кое е правото на Катица Јанева да ме повикува како криминалец, сведок, а можеби и обвинет како за моите лични донации . Ќе се борам во парламентот СЈО да биде минато и ќе го учиниме затоа што не работи како што треба“ рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Василевски информираше дека вчера и завчера на членови и активисти од ВМРО-ДПМНЕ им биле носени покани од СЈО со полиција.

„Ова е правен преседан, ако се вика на судско рочиште сведок , обвинет тоа треба да го прави судска служба, а не како во ‘47 година да доаѓа полиција. СЈО е вонуставна категорија и ќе се бориме да го укинеме“, заклучи Василевски.