Охриѓанец заработи кривична пријава поради оштетување или повластување на доверители

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување или повластување на доверители“, СВР Охрид до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.И.(41) од Охрид.

Во 2013 година, за правниот субјект „Рома Славица“ каде пријавениот бил управник, е отворен стечај односно отпочнала стечајна постапка. Тогаш, пријавениот А.И. знаејќи дека правното лице станало неспособно за плаќање, а со цел да ги оштети доверителите на фирмата, како физичко лице ги отуѓил материјалите и целокупната стока со која располагала фирмата. На тој начин, пријавениот како поранешен управник на правниот субјект, се стекнал со противправна имотна корист-поголем износ на пари, оштетувајќи ги доверителите РД ПТУ „Таири Петрит“, ПЕ „Ком2“ ДООЕЛ Струга, во износ од 3. 574 107,00 денари.