Во декември издадени 333 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016 се издадени 333 одобренија за градење што е за 0.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 433 793 илјади денари што е за 52.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (59.8%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11.7%) за објекти од нискоградба и 95 (28.5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 333 објекти, на 221 (66.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 112 (33.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 419 станови со вкупна корисна површина од 41 887 м2.