Кривична пријава за стружанец во чиј автомобил била пронајдена дрога

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Б.И. (34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 09.11.2016 година околу 19.30 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, од страна на полициски службеници сопрено е патничко возило „Пежо“ 106 управувано од пријавениот. Од извршен преглед на истото пронајдена е опојна дрога хероин со нето маса од 0,34 грама.