Попис на капацитетите во угостителството (први резултати)

Пописот на капацитетите во угостителството се спроведе заедно со Пописот на капацитетите во трговијата на  мало, во периодот од 1 до 12 ноември 2016 година, на целата територија на Република Македонија. 

Пописот беше да се обезбедат податоци на ниво на целата земја за бројот, видот, големината, структурата, просторот и вработените во угостителските објекти.

Во областа на угостителството, според првите резултати од спроведениот Попис, во Република Македонија се попишани 4 948 капацитети и тоа: 4 378 угостителски објекти-дуќани и 570 објекти за сместување на гости.

Најголема концентрација на угостителски објекти има на територијата на Скопскиот регион каде што се попишани 1 314 објекти или 26.6% од вкупно попишаните објекти на територијата на Република Македонија.

Општини со најголема концентрација на угостителски објекти се: Тетово 10.2%, Центар 7.8%, Куманово 5.2%, Гостивар 4.9%, Охрид 4.8%, Битола 4.2%, Струга 3.8%, Карпош 3.5%, Чаир 3.2% и Прилеп 2.9%, каде што се  лоцирани вкупно 50.5% од угостителските капацитети во Република Македонија.