Во Струга ќе се промовираат активностите од проектот „The afterlife of plastic dragons“

„Млади во акција“, во рамките на своите програмски активности на проектот „The afterlife of plastic dragons“, подигнување на еколошката свест кај сите нас, во и надвор од Македонија кој се реализира во периодот помеѓу 12 и 20 февруари 2017 година, во Центарот за обука на млади кадри Солферино во Струга, на 19.02.2017 година организира јавен настан за промоција на активностите и успешни резултати од досега сработеното за време имплементација на истиот.

Ова е проект од меѓународен карактер во кој активно учество и особен придонес во промоција, изработка, планирање и подготовка дадоа вкупно 34 млади на возраст од 18 до 25 години кои доаѓаат од Естонија, Хрватска, Бугарија, Романија и Македонија.