Три лица повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Три лица се тешко повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 30 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар во близина на „Здружение на возачи“.

Поради сериозноста на здобиените телесни повреди, во болница „Св.Еразмо“ во Охрид префрлени се: Б.И.(34) од Струга како и Б.С.(38) и Н.С.(36) двајцата од струшкото село Лабуништа. Тие по укажаната медицинска нега се задржани на понатамошно лекување.

Во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки: „Мерцедес“, управувано од сега повредениот Б.И. и „Ауди“ управувано од Б.С. во кое, како сопатник била и сега тешко повредената Н.С.

Незгодата е случена во момент кога возачот на возило марка „Мерцедес“, движејќи се од правец на Дебар према Струга, во близина на „Здружение на возачи“, недржејќи страна на движење, изгубил контрола врз движењето на возилото, преминал на спротивната-лева коловозна лента и директно удрил во предниот дел од автомобилот „Ауди“ кое се движело од спротивен правец.

По овластување на Јавниот обвинител, на местото на сообраќајната незгода, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во сообраќајот од Струга. Притоа, полициски службеник вршеше физичко регулирање и наизменично пропуштање на возилата по регионалниот пат поради што немаше застој во сообраќајот.