Народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Вечерва во Охрид пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се одржа народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на собирот е да се покаже политичката сила на ВМРО-ДПМНЕ, како и да се укаже дека секогаш треба да се почитува волјата на народот и националниот интерес на Македонија. 

„Се собравме во масовен број членови на ВМРО-ДПМНЕ да го крениме гласот и да кажеме дека веќе ова вака не може, дека ние веќе како граѓани на нашата држава Република Македонија нема да дозволиме разнебитувње, двојазичност, федарализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ и албанските партии. Ние тука го креваме гласот и кажуваме дека постоиме. Веќе нема да се повлекуваме назад, ние ќе застаниме на браникот да ја браниме нашата татковина со сите средства. Упатуваме апел до сите граѓани уште еднаш да се освестат дека се работи за постоењето на Македонија, да застанат до нас рамо до рамо и сите заедно да помогнеме нашата татковина да си биде унитарна и она што сакаме да си биде навреме напредна европска дражва.“- изјави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Љубен Арнаудов.

Пред присутните членови, ПРОГЛАСОТ го прочита претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија д-р.Љубен Арнаудов.

„Овој собир не е собир за обични партиски и политички теми. Овој собир не е состанок за локални или било какви избори. Ова е собир за Македонија и нејзината иднина. Ова е време кога бескомпромисно и со огромна енергија треба да ги збиеме редовите и заедно сите рамо до рамо да го спречиме разнебитувањето на Татковината кое Зоран Заев и СДСМ сакаат да ни го спакуваат. Време е уште еднаш, сега посилно од било кога да покажеме дека не сме исти, дека не сме како нив, дека не сме подготвени по секоја цена, по цена на националните и државните интереси да ја продадеме државата, само за да се добереме до фотеља. Да ги тргнеме на страна дискусиите околу сите други внатрепартиски теми. Во овој момент нема поважна тема од моменталните превирања и обиди за редефинирање на Македонија од страна на Зоран Заев, СДСМ и нивните албански партнери. Времињата кои ни престојат носат сериозни предизвици и мора како никогаш досега да покажеме сплотеност и единство. Мора да бидеме подготвени на сите премрежија кои ни ги поставуваат на тој пат. Ние секогаш сме имале мисија, а тоа е самостојна, суверена и независна Република Македонија.Со месеци наназад гледаме како според сценарио подготвено од надвор, а спроведувано од платеници од внатре, се обидуваат преку непочитување на волјата на мнозинството Македонци да ни ја редефинираат државата и преку двојазичноста како прв чекор да ја турнат во амбисот на кантонизацијата и федерализацијата. Го слушавме Заев како зборуваше дека не е патриот, дека се срами од патриотите и дека на СДСМ не и приличело да биде патриотска партија. Го слушавме и како вели дека СДСМ, партијата која ги продаде Струга и Кичево, погрешила со поддршката на Македонските кандидати за градоначалници во овие општини. Го слушавме како зборува дека Mакедонија имала двонационален карактер, дека тој го е гордиот предводник на отворањето на прашањето за двојазичност на државата, со кое Бујар Османи се фалеше дека ќе биде историско наследство за идните генерации Албанци во Македонија. Го слушавме дека му се допаѓа концептот на кантонизација и тоа е спремен да го спроведе во Македонија, а изјави и дека има позитивен став кон албанската платформа. Вчера кажа и дека и албанскиот јазик треба да биде официјален на цела територија на Македонија. Дел од нас едно време мислевме дека тоа се гафови, а и дел од граѓаните исто така. Затоа не го сфатија сериозно, или мислеа дека ние алармирајќи за плановите на Заев ги манипулираме за да ги уплашиме за да гласаат за нас. Сега, во овој момент, веќе е кристално јасно за секого и веќе нема ниту еден аргумент за да се порекне дека тоа не биле грешки, ниту наша манипулација туку дека тоа е стратегија, долгорочна стратегија за разнебитување на Македонија која Зоран Заев сака да ја спроведе, започнувајќи од двојазичноста како вовед во кантонизација на земјата.“- рече Арнаудов и уште додаде:

„Заев и неговите послушници ќе се обидат во наредниот период да не демотивираат, дискредитираат, да удрат на врвот на партијата, да удрат по секој еден член, по секој еден човек од нас, но всушност ќе се обидат да удрат на унитарна Македонија. Тоа е нивната цел. Да не претворат во исплашена маса која ќе молчи додека на мала врата се протнуваат закони за двојазичност, за дефакто федерализација, за потчинување на Македонците и нивно претворање во граѓани од втор ред. Ова нема да го дозволиме. 

– Бујар Османи вчера отворено кажа дека Македонија станува двојазична

– Бујар Османи вчера кажа дека со Заев договориле и да се менуваат банкнотите

– Бујар Османи вчера кажа дека со Заев договориле да се изрекуваат казни од 3 до 5000 евра за неупотреба на албанскиот јазик

– Албанскиот јазик планираат да се применува и таму каде што нема албанци или ги има во незначителен број. Тоа значи вработување и доселување на албанци во тие средини. Тоа значи дополнителен трошок за државата

– Бујар Османи вчера кажа дека официјализирањето на албанскиот јазик на цела територија нема цена. Идеологот на СДСМ , Љубомир Фрчкоски кажа дека мултикултурната и мултиетничка демократија била скапа играчка

– Бујар Османи вчера се пофали дека Заев во целост ги прифатил максималистичките барања на албанците. Практично бил ставен пред свршен чин „прифати или остави“. Заев прифатил буквално се само за да дојде на власт. Не го интересираат ни државни ни национални интереси.

– Договорот меѓу СДСМ и ДУИ е срамен. Знаат дека нема македонец кој нема да го осуди овој предавнички чин. Затоа планираат да го прошверцуваат како закон со европско знаменце.

Овде веќе не се работи за граѓански слободи и демократија, овде веќе не се работи за право и правна држава. Зоран заев видовме дека го погази и судот и законите, а сега следно е да го погази Уставот. Ние сме тие кои ќе му застанеме на патот. Браникот на татковината сме биле и ќе бидеме во иднина. Секој од нас ќе биде примерот кој ќе биде следен од секој граѓанин кој си ја сака Македонија. Нашата мисија е праведна и никој не смее да не поколеба. За Македонија се работи. Да покажеме дека сме подготвени да излеземе на улица, на барикадите, да покажеме македонска одлучност. Да им покажеме дека не се плашиме и дека сме подготвени на се.“- додаде Арнаудов.

WebOhrid