Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец денес беше домаќин на 4-иот општински натпревар по математика за основно образование, организиран од страна на домаќините на натпреварот ОУ „Ванчо Николески“ и наставничките по математика Цвета Андреска и Весна Симоноска и Здружението на математичари – Охрид и претседателот на здружението Борис Лушески, во соработка со Сојузот на математичари на Македонија.
На општинскиот натпревар по математика учествуваа 128 ученици од сите основни училишта во Охрид од IV – IX одделение, а најдобрите од нив ќе учествуваат и на претстојниот регионален натпревар што ќе се одржи на 1ви април, каде ќе имаат можност повторно да го покажат своето знаење.
На сите учесници кои покажаа солидни резултати им беа доделени и дипломи за освоена награда или пофалници и им беше посакан поголем успех на претстојниот регионален натпревар.