Кривична пријава за лица од Горно Лакочереј поради кривично дело „разбојништво“

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(25) од Охрид и Г.Д.(18) од охридското село Горно Лакочереј.

Пријавените, казненото дело го сториле на 24-ти овој месец околу 15 часот и 30 минути, во нива лоцирана во атарот на селото Горно Лакочереј. Тие, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, физички го нападнале Т.Д. (83), дедо на второпријавената Г.Д. кој во моментот се наоѓал во хаварисано возило оставено на нивата.

Откако констатирале дека Т.Д. одмара на предните седишта кои биле пуштени хоризонтално и дека никој не ги гледа, А.Д. ја отворил левата предна врата и веднаш, со употреба на физичка сила му ги фатил рацете и со тупаница го удрил во пределот на главата. Во исто време, пријавената Г.Д. од левиот џеб од кошулата му одзела 19.000 денари, по што двајцата избегале оставајќи го Т.Д. со контузија на главата што како повреда, подоцна била констатирана во Општата болница во Охрид.

По кратко време, СВР Охрид го пронајде А.Д. и при извршен преглед кај него забележани се 18.600 денари во разни апоени.