Кривична пријава за жител од с. Лева Река поради бесправна сеча

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (37) од с. Лева Река, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „пустошење шума“. Пријавениот во атар на с.Лева Река, ресенско, неовластено и противправно извршил бесправна сеча на 2,5 метри просторни дабово дрво кои што беа пронајдени позади неговата куќа во с.Косел и 0,4 метри просторни дабово дрво пронајдени десно пред неговата куќа за време на претрес.