Македонскиот туристички производ промовиран за прв пат на саем за туризам во Данска

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, после саемот Vagabond во Копенхаген, за првпат ја претставува туристичката понуда на најголемиот интернационален саем за туризам на Скандинавија во Хернинг, Данска (24-26.02.2017).

Саемот за туризам во Хернинг е организиран во 13 хали, а туристичката понуда на 1100 изложувачи е претставена пред 61 885 посетители на саемот. Агенцијата за промоција и поддшка на туризмот ги претстави природните убавини, и можностите за активен туризам, привлечувајки огромен интерес кај скандинавскиот туристичкиот сектор и посетителите.

Во конкуренција од 51 земја која насаемот ја изложија својата понуда, делегацијата на Македонија оствари бројни контакти, меѓу кои и со најголемите тур-оператори за Данска и Скандинавија- Sunweb, Appolo, Detur, Beach Tours, Suntur, TUI Denmark и Bravo Turs. Дел од нив најавија посета на Македонија и вклучување на земјава во нивните продажни туристички каталози.