На општинскиот натпревар по математика, кој е во соработка со Сојузот на математичари на Македонија и Здружението на математичари – Охрид одржан во ОУ„Ванчо Николески“- Лескоец, учествуваа 128 ученици од IV – IX одделение, од сите основни училишта во Охрид.
Учениците од ОУ„Христо Узунов“-Охрид постигнаа одлични резултати:
Ученик Одделение Ментор Награда
Христина Митреска IX Виолета Китеска I (100 поени)
Драгана Усовиќ VIII Слаѓана Митреска I
Ивана Пројческа VIII Слаѓана Митреска II
Дамјан Вељаноски VIII Слаѓана Митреска III
Сања Јовеска VII Ирена Бачева I
Елена Андрееска VII Ирена Бачева II
Филип Ѓорѓески VII Ирена Бачева II
Борче Исакоски VI Кристина Крстеска-Николоска I ( 100 поени)
Горазд Блажески VI Кристина Крстеска-Николоска I ( 100 поени)
Дамјан Недески VI Кристина Крстеска- Николоска I
Андреј Јанески VI Кристина Крстеска Николоска II
Климент Јанкулоски VI Кристина Крстеска Николоска III
Бојана Цветаноска V Сава Костоска I ( 100 поени)
Филип Блажески V Сава Костоска II
„Честитки за учениците и нивните ментори и им посакуваме да ги повторат одличните резултати на регионалниот и државниот натпревар.И бидете слободни и среќни заедно со математиката како што рекле Џорџ Кантор – „Суштината на математиката, лежи во нејзината слобода“ и Алфред Рењи – „ Ако се чувствувам несреќно, се занимавам со математика за да станам среќен. Ако сум среќен, се занимавам со математика за да останам среќен“ “– велат од ОУ „Христо Узунов“.