Средношколци од Охридската гимназија во посета на Народната банка на РМ

На 24.02.2017 год. ученици од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид и СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид под менторство на проф. Горан Попоски беа во работна посета на Народната банка на Република Македонија каде присуствуваа на предавање на тема „Пари, банки, штедилници и монетарна политика“ од страна на Христина Николоска вице гувернер на Народната банка на РМ.

Во рамките на посетата учениците имаа ретка можност да ја посетат ковачницата на метални пари при НБРМ и музејската поставка при НБРМ со монети и другу пари пронајдени на територијата на Македонија од античкиот период па се до денес.