Кривична пријава за охриѓанец поради фалсификување пари

НК за КР Струга поднесе кривична пријава против Н.Р. (34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 11.02.2016 година пријавениот во продавница во с.Плитишта пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 1000 денари. Од преземени мерки било утврдено дека истиот пуштил во оптек повеќе банкноти во продавници во повеќе градови во државата.