Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“ и “кражба на дрва“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Н.К. (36) од Дебар.
Пријавениот, во периодот од 20 до 22 јануари оваа година во атарот на селото Бомово поточно кај „Бомовските гробишта“, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел шест дабови дрва сопственост на Република Македонија во количина од 3,37 метри просторни со што направил штета во вредност од 23.590 денари.
Во периодот од 23 јануари до 27 јануари оваа година, пријавениот исто така без одобрение за сеча, во атарот на селата Бомово и Сушица, во шуми во кои доминираат стебла на питом костен, извршил неовластена сеча на осумнаесет стебла мешано дрво (костен, даб и цреша) со различен дијаметар, сопственост на жител на Дебар. Тој извршил сеча на 2,09 метри просторни со што е направил штета од 14.630 денари. Во истиот период, во атарот на селото Сушица во шума во приватна сопственост, бесправно извршил сеча на шест костенови дрва со различен дијаметар во количина од 2,64 метри просторни и притоа направил штета од 18.480 денари.
Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Н.К. направил вкупната материјална штета од 56.700 денари.