Ќе се врши приклучување на објектите кон канализационата мрежа во Мешеишта и Горенци

Се известуваат сите физички лица и правни субјекти од селата Мешеишта и Горенци, кои се сопственици на објекти, дека ќе се започни со приклучување на нивните индивидуални канализациони мрежи кон уличнита фекална канализација во селата.

Сите жители кои имаат потреба од приклучок потребно е да поднесат барање за приклучок кон канализациона мрежа до Јавното комунално претпријатие „ДЕБРЦА” – с. Белчишта, како давател на комуналната услуга.