Одлични резултати на основците од „Григор Прличев“ на натпреварите по математика и физика

На 4.3.2017 во ПСУ „Јахја Кемал“ по осми пат се одржа натпревар по математика и физика на кој учествуваа ученици од „Григор Прличев“ и постигнаа одлични резултати. Ученичката Ана Димоска, IX одделение го освои второто место со што доби стипендија за запишување во ПСУ „Јахја Кемал“, додека учениците: Анастасија Маленкова, Огнен Секулоски, Стефан Каланоски, Радица Јанкулоска, Марино Јакимоски, Франческа В. Маркулеска, Мила Коруновска и Никола Здравески се меѓу првите 25 на листа со што имаат право да се запишат во училиштето без да полагаат приемен испит. Ментори на учениците се: Славица Јолакоска Таштаноска и Лилјана Фанкоска.